Откријте начини да ја искусите Европа.

Придружете се на настаните Time to Move овој октомври за да слушнете за можностите во странство и да ги планирате вашите идни меѓународни проекти.

Планирајте однапред со нас и пронајдете го својот пат.

Time to Move е збирка на онлајн и физички настани низ цела Европа во текот на октомври (но не само!). Активностите се организирани од Евродеск експерти кои можат да ви дадат персонализирани насоки за меѓународните можности.

По повод европската година на младите, не пропуштајте ја шансата и учествувајте во многу активности организирани за вас, како што се виртуелно волонтирање, училишна размена за семестар, стажирање во странство и многу други. Ние сме подготвени да планираме однапред со вас!

Најдете онлајн активности или блиску до вас.

Вашето време за движење е сега! Активностите Time to Move ви нудат можност да се подготвите за физички или виртуелни проекти. Прелистајте преку вебинари, информативни сесии, можности за лично водство или физички активности во ваша близина и почнете да планирате однапред.

Следете ја кампањата на социјалните мрежи!

Што се случува онлајн и во други земји за време на Time to Move? Погледнете пребарувајќи го #timetomove2022 на Инстаграм и Тик Ток. Слободно споделувајте или означете не на вашите фотографии, видеа или Tик Tокови додека сте на онлајн или физички настани на кои присуствувавте.

Не заборавајте да го следите Eвродеск на Инстаграм и Tиk Tok за да се информирате за најновите можности во странство!

Misteryinriga_01

Играјте ја онлан escape играта
„Мистериите во Рига“

„Мистериите во Рига“ е втората Евродеск онлајн игра инспирирана од собите за бегство каде 2 играчи соработуваат за да решаваат загатки и предизвици. Играјте заедно на два посебни екрани и комуницирајте едни со други за да ги решите енигмите на патот
talkative_thursdays_logo

Не пропуштајте ја серијата Зборливи четвртоци!


Секој четврток во октомври, на нашите YouTube канали и социјалните медиуми, можете да најдете интервју со прашања и одговори околу клучните теми за младите.

Ако барате повеќе информации, да се инспирирате и да добиете помош за да најдете можности во странство, за време на #TimeToMove2022, гледајте или слушајте ја серијата интервјуа сега.

Добијте ги информациите што ви се потребни. Каде и да сте.

Пронаоѓањето точни и доверливи информации за вашите проекти во странство може да биде проблем. Ова е местото каде што Eвродеск може да ви помогне! Ако не можете да стигнете до една од Time to Move активностите, сепак можете онлајн да ги добиете потребните информации. Исто така, среќни сме да ви дадеме персонализирано водство, доколку чувствувате потреба.

Веб-страница на Евродеск

Прелистајте ја нашата мрежа од над 2100 експерти за информации во 37 европски земји преку eurodesk.eu. Дали имате конкретно прашање за меѓународните можности? Само пуштете е-пошта, испратете порака или разговарајте на телефон.

Пронаоѓач на можности

Континуирано собираме најнови меѓународни можности на Eurodesk Opportunity Finder. Прелистајте низ пет категории: учење, волонтирање, стажирање, учество и грантови и пронајдете проект за себе!

Европски младински портал

Има многу програми и иницијативи на ЕУ насочени кон зајакнување на младите, особено оваа година по повод Европската година на младите! Европскиот младински портал ве информира за најновите вести поврзани со вашиот живот како европски граѓанин. Прочитајте за DiscoverEU или Европскиот солидарен корпус и откријте ја посветената страница за EYY2022!

Се чувствувате конкурентни? Придружете се на нашиот натпревар.

Ова е вашето време за Time to Move и како и секоја година, а особено по повод Европската година на младите, ги покануваме сите млади да учествуваат во натпреварот Time to Move! Во текот на септември и октомври, имаме два онлајн предизвици! Учествувајте во која било од нив и имајте шанса да освоите фантастични награди.

PHOTO CHALLENGE

Поздрав од Европа

отворено до 31 октомври

ILLUSTRATION CHALLENGE

Дизајнирајте го вашето Time to Move

отворено до 31 октомври

Оваа игра е во организација на Евродеск.

Учесниците мора да имаат најмалку 13 години и максимум 30 години за да учествуваат во играта, а мора да бидат од една од овие земји: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција , Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Црна Гора, Холандија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска , Швајцарија, Турција или Украина.

Со учество во играта, учесниците ги прифаќаат нејзините правила и услови.

Time to Move is organised by

ed_white@2x

Eurodesk Brussels Link
Rue aux Fleurs 32
1000 Brussels
Belgium

Co-funded by

© 2022 Eurodesk. All rights reserved.